Мотоциклистот на  КТМ, Мигел Оливеира триумфираше на трката за Големата награда на Португалија која беше последна оваа сезона во Мото ГП шампионатот.

Португалецот на домашно тло запиша победа на патеката „Алгарве“ дојде до втората победа оваа сезона и втора во најсилната класа, а вкупно 14. во кариерата.

На второто место заврши Џек Милер на Дукати додека место на победничкиот подиум обезбеди  Франко Морбидели од Петронас Јамаха како трет.

Новиот шампион во Мото ГП класата, Жоан Мир  денеска не ја заврши трката поради проблеми со моторот.