Формула 1 од 2021 година ќе воведе за прв пат 18-инчни пневматици, а подготовките за новата ера на пневматици веќе почнаа.

Прв што ги тестраше овие пневматици беше возачот на Рено Сергеј Сироткин. Снабдувачот со пневматици, Пирели сега со нетрпение ги чека првите повратни информации од тестовите за да продолжат со развојот на истите пред да бидат воведени во „октанскиот циркус“.

Инаку на патеката „Пол Ришар“, гими тестирал и Естебан Очон за Мерцедес, но ги тестирал пневматиците за идната сезона. Во следниот период сите тимови во Ф1 ќе добијат шанса да ги тестираат 18-инчните пневматици пред да влезат тие во употреба на почетокот од 2021 година.