Македонскиот автомобилист Игор Стефановски остана без пласман на втората трка од првенството на ТЦР Италија, откако денеска излета од патеката во Монца и предвреме ја заврши трката.

Инцидентот се случи на шест минути пред крајот на трката и завршниот круг, во моменти кога Стефановски беше седмопласиран на патеката и натпреварувачот зад него Душан Курил имаше близок контакт со возилото на македонскиот автомобилист.

Стефановски на социјалните мрежи го постави видеото од инцидентот и кратко искоментира

Сум имал дуели на стаза и тоа доста жестоки и тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува!