Викендов во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ Игор Иџе Стефановски ќе атакува на нови бодови во ТЦР шампионатот на Италија.

Стефановски кој на оваа патека во 2019 година дојде до подиумот, имаше второ најдобро време на вториот тренинг. Во квалификациите го освои четвртото место и најави атак на нов успех.