На трката во Формула 1 за Големата награда на Италија на стадионот Монца, се случи инцидент помеѓу двајцата водечки возачи во генералниот пласман, Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Се возеше 26 -ти круг кога Ферстапен се обиде да го претекне Британецот, а Хамилтон ја одбрани позицијата, па болидот на Ред Бул по контактот заврши на болидот на Мерцедес.

Двајцата возачи ја завршија својата трка, а треба да се напомене дека „хело“ го спаси актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од сериозни повреди.