Морничава несреќа се случи во текот на Мото ГП тренингот за големата награда на Португалија откако Шпанецот Хорхе Мартин од тимот на Пармак излета од патеката.

Беше запалено и црвеното светло и се застана. Засега не се знае што се случило во несреќата, само може да се види дека Марти на излезот од седмата кривина насилно излета и се испреврте.

Погледнете ја ужасната снимка:

Тој на носилки беше изнесен од стазата и одведен во медицинскиот центар, од каде информираа дека е во свесна состојба.

Инаку, вчера се жалел на нестабилност на својот нов Дукати и неговите зборови некако сега изгледаат како пророчки:

„Апсолутно не очекувавме да биде во таа положба, но чим почна тренингот, почувствував многу движења на моторот. Беше навистина опасно и бев стварно исплашен во тие моменти.“