Францускиот воза во Формула 2, Антоан Убер почина по судир на патеката во Белгија.

Младиот возач им подлегнал на повредите по несреќата во која неговиот болид со брзина од околу 270 км/ч удри во возилото на Американецот Хуан Мануел Коре.

Светската автомобилска федерација (ФИА) соопшти дека Убер веднаш по несреќата бил пренесен во медицински центар, но во 18:35 часот им подлегнал на тешките повреди.

Информации за повредите на Коре се уште не се објавени.

Трката во Формула 2 на патеката Спа Франкошам е прекината набрзо по несреќата.