Рајан Њуман е во тешка состојба по несреќата во последниот круг од легендарната трка Дајтона 500, со која е отворена новата сезона на NASCAR 202. За среќа, животот не му е во опасност.

Њуман беше во борба за првата позиција со Рајан Блејни и со Дени Хамлин, но не се снајде на една од кривините и удри во ѕид, по што се запали.

Њуман беше брзо извлечен од возилото и итно префрлен во болница.

„Рајан Њуман е во медицинскиот центар во Халифакс. Тој е во тешка состојба, но лекарите не убедуваат дека животот не му е во опасност. Ќе ве информираме и натаму, како што ќе ни пристигнуваат вестите“, се вели во соопштението на NASCAR.