Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката на „Силверстоун“ во Формула 1 шампинатот. Ова за „Ред Бул“ беше прва победа на оваа патека по пауза од осум години.

Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон го освои второто место додека трет беше неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Во генералниот пласман кај возачите во Формула 1 води Хамилтон, пред Верстапен и Ботас. Следната трката во Ф1 ќе се вози на 16 август во Шпанија.