Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Унгарија.

По триумфот во Германија, возачот на Ред Бул имаше уште еден фантастичен ден кој влегува и во поновата историја на Хонда, како прва пол позиција за овој производител на мотори во Ф1 по пауза од 13 години.

Второто и третото најдобро време го имаа Ботас и Хамилтон од Мерцедес.  Потоа следуваат: Фетел, Гасли, Норис, Саинц, Грожан и Раиконен.