Повеќе брендови на едно место, реставрирани, разубавени и блескави. Еден ден за ужување, минатото „живее“ преку неговите фанови и корисници на стари автомобили, ова беше повод за убаво и пријатно дружење.

Нашите пријатели од РПМ.мк беа дел од овој настан.

„Октомври месец или поконкретно како датум 4ти октомври во автомобилскиот свет е познат како датумот на кој е произведено последното Mini. Во периодот од 1959 до 2000 биле произведени вкупно 5,3 милиони модели на Mini!!Тоа е една и од причините зошто Mini Morris е втор најпознат модел во светот!! Затоа во чест на овој датум да се потсетиме на собирот на Класик Мини каде што и ние присуствувавме, а во прилог е и видео од настанот.“ велат од РПМ.мк.