Германскиот возач на Ферари, Себастијан Фетел го удрил Холанѓанецот од Ред Бул, Макс Ферстапен во 38 круг од денешната трка на патека Силверстоун за Големата награда на Велика Британија.

Ферстапен го претекна Фетел, па Германецот веднаш се обиде да му врати, по што дојде до контакт меѓу двајцата возачи кои излетаа од патеката.

Фетел кусо потоа беше казнет со 10 секунди.