Директорот на Ф1 тимот на Мерцедес Тото Волф негираше дека преговорите со Хамилтон за нов договор мора да бидат завршние во скоро врме.

Од Мерцедес посочија дека не се плашат дека нема да има договор, напротив не сакаат да постават датум за потпис за да не донесат дополнителен притисок.

„Имавме успешна низа на резултатите во последните седум години и нема причина да не го продолжиме тоа. Тој е на својот врв и ќе биде така и во иднина и затоа немам причина да не верувам дека ќе продолжиме да соработуваме.“ – изјави Волф.

Тој објасни дека очекува договорот сепак да биде потпишан пред почетокот на тестирањата за новата сезона во Ф1.