Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, истакна дека во почетниот период од неговата кариера, Луис Хамилтон му дал важен совет околу возањето.

Сега Расел истакна дека се надева дека еден ден Луис Хамилтон ќе зажали што споделил со него така важен совет околу возањето во Формула 1, односно алудира на тоа дека еден ден или наскоро, ќе му биде конкуренција на сонародникот.

„Ми даде некои совети за кои ме натера да размислувам околу возањето. Се надевам дека еден ден ќе зажали за тоа што ми дал совет во минатото. Советот на Хамилтон беше во возачка смисла, ми зборуваше нешто за гумите, како да го извадам максимумот од нив. Можам да кажам дека тоа ми помогна доста, нешто што ми недостасуваше на почетокот од мојата кариера во Ф2.“- рече Расел.

Познато е дека Луис Хамилтон добро знае да ги менаџира своите гуми кога е најпотребно, па кога е на трките против неговата конкуренција, тој најдолго ги вози и последен добива „Blistering“, односно последен ги согорува во однос на конкуренцијата.

Расел ќе ја почне својата втора сезона во Ф1, во тимот на Вилијамс годинава.