Возачот на Ферари, Шарл Леклер имаше одлична сезона, но односот со својот тимски колега Себастијан Фетел не беше најдобар, иако Леклер изјави дека научил многу работи од Германецот.

Кулминацијата во односот на овие двајца се случи на  Големата награда во Бразил на која двајцата пилоти се судрија, по што и  двајцата се откажаа од трката.

Во претходните неколку денови Хамилтон се поврзува со Ферари, кој би го зел местото на Фетел, иако   Британецот тврди дека неговата иднина е во Мерцедес.

„Секако, во Ф1 сакаме да се бориме со најдобрите. Имав голема можност да соработувам со Фетел и многу работи добив од него. Секогаш може да научите нешто од таков шампион, па би сакал да соработувам и со Хамилтон“- порача Леклер.