Поранешниот прв човек на Ферари Жан Тод има пофални зборови за Шарл Леклер, пилотот на тимот од Маранело. Според првиот човек на ФИА Леклер има шампионски квалитети.

„Има убиствен инстинкт, а тоа го имаат само големите шампиони. Тој е иднината на Ф1. Неговите лидерски способности многу ме потсетуваат на оние кои ги имаше Михаел Шумахер.

Интересно е тоа што синот на Тод, Никола Тод е менаџер на возачот од Монако.