Жан Тод е голем пријател на семејството Шумахер, по несреќата и до денеска тој  е еден од ретките кој има привилегијата да  го посетува домот  во Швајцарија на славниот возач во Формула 1.

Детали тешко ќе најдете за состојбата на Шумахер, но Тод откри дека комуникацијата не им е најдобра поради ситуацијата во која се наоѓа Михаел.

„Михаел никогаш не се откажа од борбата за живот, така е  и сега, нашата комуникација не е иста како и порано, ситуацијата е друга, тој ја има најдобрата нега на светот, неговото семејство посветено се грижи“ – изјави Тод.

Тод има изјава во минатото која откри дека Михаел Шумахер може да комуницира, наводно заедно гледале трка од Формула 1 на ТВ, сепак детали нема каква е вистинската состојба на Михаел, за тоа неговата сопруга Корина трпи сериозни критики од јавноста.