Легендарниот Михаел Шумахер бележи голем напредок во рехабилитацијата по страшната несреќа која се случи на француските Алпи. Неговиот близок пријател и поранешен шеф во Ферари, Жан Тод по доплго време одлучи да сподели информации во јавноста за состојбата во која е седумкратниот Ф1 првак.

„Секогаш сум внимателен кога давам изјави за Михаел Шумахер но ова е точно. Заедно гледаме Ф1 трки во неговиот дом во Швајцарија. Напредува добро и е во одлични раце. Не се предава, продолжува да се бори од ден во ден. Исто така се бори и неговото семејство. Факт е дека нашето пријателство никогаш нема да биде исто како и комуникацијата која ја имавме некогаш.“ – изјави Жан Тод.

Шумахер се повреди во 2013 година и првите прогнози беа страшни, но според последните информации, напредок има но сите негови фанови ќе мора да имаат поголемо трпение.