Македонскиот младински репрезентативец, Ардијан Аземи кој донесе брознен медал од Европското првенство во бокс во Будва, е оптимист дека овој историски успех може да го повтори и подобри на следното светско првенство.

Аземи на денепната прес конференција во Скопје, изрази задоволство од освоениот бронзен медал во Будва и најави дека ќе продолжи да работи посветено за нов успех.

 

 

„И благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на европското првенство, направив се да забележам успех, се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година особено на светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва“, изјави Аземи.