Викендов во Штип се одржа последното 6. коло во екипна конкуренција во бокс, Прва и Младинска лига на Македонија.
Во Првата лига, екипата на БК Чаир со освоени 65 бодови е нов шампион на Македонија во сениорска конкуренција. Второто место  го освои БК Пелистер 2007  со 48, на третата позиција заврши БК Универзалци од Скопје  со 42 бода.
Во младинска конкуренција  БК Шкендија Но Лимит е шампион на Македонија со убедлива предност во однос на конкуренцијата. Клубот од Тетово освои 83 бода, на второто место заврши БК АС од Прилеп со 50 бодови, на третото место оваа сезона се пласираа младите боксери на Борец од Велес со 39 бода.
Со натпреварите во Штип заврши сезоната во екипното првенство, викендот на 19 и 20 октомври ќе се одржи поединечното првенство на Македонија во бокс.