Двократната олимписка шампионка, Британката Никола Адамс ја заврши боксерската кариера поради страв дека може да го загуби видот.
Адамс на Олимписките игри во Лондон во 2012 година освои злато, а четири години подоцна во Рио де Жанеиро ја одбрани титулата.
„Ме известија дека секој понатамошен удар на моето око веројатно ќе доведе до непоправливо оштетување и губење на видот.“ – изјавила Адамс за Јоркшир Ирвинг Пост.
Професионалната кариера ја завршувасо освоени осум златни и четири сребрени медали на разни натпреварувања.
Comments are closed for this post.