Мечот меѓу Ентони Џошуа и Кубарт Пулев можеби ќе се одржи зад затворени врати, ова го бара Бугаринот кој сака меч со актуелниот светски првак во тешка категорија по секоја цена.

Според актуелната ситуација со Ковид-19 извесно е дека мечот кој е закажан за 20 јуни во Лондон ќе се откаже.

Бугаринот Пулев го предизвикува Британецот Џошуа во Лондон и пред празни трибини, зад затворени врати само да се случи нивната борба.

Пулев е предизвикувач, Џошуа ја брани титулата, Бугаринот кој има 38 години понуди борба без публика доколку тоа го прифатат организаторите на боскерскиот спектакл.

„Мене ми е сеедно, 20 јуни, 25 јули, не е важно, сакам да боксувам со Џошуа на негов терен, со или без публика, сепак е ова меч за светската титула, луѓето ке го следат на телевизија, затоа барам да не се одложи борбата“ – изјави пулев за БНТ.

Актуелната ситуација наложува одложување на спектаклот, официјално тоа ќе се случи следните часови или денови.