Дионтеј Вајлдер ја загуби титулата во тешка категорија, откако ноќеска со технички нокаут го загуби мечот со Тајсон Фјури.

Вајлдер претходно десет пати успешно ја бранеше својата титула. За Фјури ова е прва титула по 2015 година, кога сензационално го сруши Владимир Кличко.

„Не знам зошто мојот агол го фрли пешкирот, бидејќи јас бев подготвен да се борам до самиот крај. Но, немам никакво оправдание. Победи подобриот борец. Не се чувствував најдобро пред мечот, имав многу проблеми, но тоа сега нема врска. Фјури си ја искористи можноста и тоа е тоа“, изјави Вајлдер по мечот.

Веднаш по мечот Вајлдер беше однесен во болница.