Африканската држава Малави, во која одгледувањето и трговијата со канабис во медицински цели е легално, официјално побара од боксерската легенда Мајк Тајсон, да стане заштитно лице на таа локална индустрија, тврди АФП.

Министерството за земјоделство наведува дека во Малави во сложената индустрија за канабис е потребен партнер, како и дека поранешната боксерска легенда би била идеална за таа работа.

Мајк Тајсон последниве години имаше големи успеси во легалната работа со канабисот, а на крајот на октомври американскиот весник Форбс, објави дека Тајсон ќе осва нова компанија за продажба на производи на база на канабис во САД.

На почетокот на 2020 година, Малави се придружи на пописот на африкански држави кои дозволуваат користење на канабис во медицински сили.