Поранешниот Олимписки шамппион и шампион во тешка категорија  Ентони Џошуа повторно се соочува со повреди, откако е сериозно повреден од неговиот спаринг партнер во текот на подготовките за дуелот со Енди Руиз Jуниор.

Ова го јави веб-сајтот World boxing news, кој исто така за време на првиот меч објави дека  Џои Давејко го испратил шампионот во нокадаун на тренинг кампот непосредно пред првата борба со Мексиканецот.

Албан Первизај, Том Литл, Дерек Чисора, Ендру Табити и Тимоти Мотен овој пат беа спаринг партнери на Џошуа во подготовките за големиот реванш во Саудиска Арабија на 8 декември.