Светскиот шампион во тешка категорија, според верзиите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Антони Џошуа, прогнозира дека предизвикувачот, Бугаринот Кубрат Пулев, ќе го нокаутира во 11. рунда.

Тој веќе еднаш имаше шанса. Сега очекувам да видам еден попаметен Пулев, кој има доста нокаути. Тој мое да удри, може да боксува. Тоа ќе биде добар меч во кој гледачите ќе видат нокаут, бидејќи и двајцата сме фајтери. Му посакувам среќа, но јас сепак планирам да ги одбранам своите појаси. Мојата прогноза е дека ќе го нокаутирам во 11. рунда“, самоуверен е Џошуа.

Мечот меѓу Џошуа и Пулев ќе се одржи на 20 јуни во Лондон.