Ентони Џошуа ветува далеку подобри перформанси пред реванш мечот со Енди Руиз кој ќе се одржи на 7 декември во Саудиска Арабија.

Мексиканецот во јуни го совлада Британецот во Њујорк со прекин во седмата рунда и му го нанесе првиот пораз во кариерата и му зема шампионсите титули во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

„Мора да влезам поагресивно во мечот. Знам дека сум способен за тоа. Влогот е преголем. Ако влезам во рингот со вистинско темпо, може да има разлика во споредба со борбата со Руиз во која бев преопуштен“ – изјави Британецот.

По првиот пораз во кариерата, 29-годишниот Британец анализирал сè. Реши да остане со тренерот Роб МекКакен и да стане двократен светски шампион со исто размислување како кога се бореше со шампионот на ИБФ Чарлс Мартин или Владимир Кличко.