Британецот Ентони Џошуа вели дека направил „драстични“ промени во животниот стил по неговиот шокантен пораз од Енди Руиз во јуни.

Џошуа ги загуби титулите во ИБФ, ВБА и ВБО во тешка категорија, откако четири пати се најде на подот пред судијата да го прекине мечот во 7 рунда. Реванш мечот ќе се одржи во Диријах, Саудиска Арабија на 7 декември.

„Боксот секогаш беше најлесниот дел за мене. Борбата секогаш го одржуваше мојот живот под контрола. Во реваншот очекувам попаметно да боксувам и љубителите на боксот сигурно ќе уживаат во овој меч. Направив неколку драстични промени, работи во живот, околу семејството, пријателите и се она што е важно да се остане сконцентриран и мотивиран. Со нетрпение го очекувам реваншот против Руи“- изјави Џошуа.