Ентони Џошуа деновиве во едно интервју ги објасни деталите за влштените односи меѓу него и британската боксерска легенда Ленокс Луис.

По поразот од Енди Руиз, последниот неприкосновен шампион го критикуваше ЕЏ и го советуваше да си го смени тренерот, додека сегашната бокс ѕвезда во тешка категорија за возврат ја нарече легендата „кловн“. Сега Џошуа зборуваше за детали, а од неговата приказна е јасно дека тој бил разочаран од Луис порано во својата професионална кариера.

„Секој во одреден момент е аутсајдер, секогаш се сомневаат луѓе. И за „лошото момче“ – секогаш велам дека сум тој што сум. Не зборувам многу, но ако продолжите да ме туркате и да ме туркате до аголот, ќе започнам да лаам и да гризам. Не сум тип што се конфронтира, мислите ги задржувам за себе, но ако постојано се нервирам, порано или подоцна ќе избувнам. Ленокс не беше кловн како боксер, овој човек беше вистински ѕвер во рингот, имам слики од него по целата соба. Кога зборувам за боксот, многу го почитувам, но кога седиме околу масата како мажи, само сакам почит кон помладата генерација, но чувствувам дека кога станува збор за мене, тој е различен. Тоа е како тој да рече: „Ентони се крие од некого, тој е тоа или она“, и се прашувам зошто тој секогаш ме напаѓа наместо да се обидува да ми помогне кога ми треба.