Ентони Џошуа изјави дека мечот меѓу  Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури го следел внимателно, а според шампионот на титулите во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО Фјури победи бидејќи немаше што да загуби и бил ментално поспремен.

Фјури е многу талентиран, како и Вајлдер. Дадоа се од себе и еден излезе како победник. Мислам дека Фјури беше ментално целосно во мечот. И двајцата беа физички подготвени за борбата, но понекогаш кога ќе го допрете само дно како Фјури, единствено што можете е да одите нагоре. Вие не можете да паднете пониско од тоа. Тој се подигна и само тој знаеше колку високо може да оди“-изјави Џошуа на подкаст на Lucozade’s Running the Show.

Првата борба меѓу Фјури и Вајлдер во декември 2018 година заврши без победник со контроверзната одлука на судиите, додека Фјури во реванш мечот славеше со нокаут во седмата рунда и му го нанесе првиот пораз на Американецот во кариерата.