Ентони Џошуа  ќе се обиде да ги врати титулите во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО во тешка категорија во реваншот со Мексиканецот од кого загуби во јуни.

Британецот во пресрет на овој меч имал совети од поранешниот првак во тешка категорија Владимир Кличко, кој се пензионираше во 2017 година, непосредно по поразот од Џошуа пред 90.000 гледачи на стадионот Вембли.

Кличко ми кажува многу работи. Влад дефинитивно беше пред сите други. Тој е подисциплиниран од мене, поголем дипломат. Ми дадаваше совети за исхрана и тренинзите и можеби луѓето зборуваат за тоа кога ќе ги видат промените на моето тело. Можеби затоа што усвоив некои од негови учења мојата тежина може да варира. Ништо не ми недостасува откако не сум првак. Отсекогаш говорев дека појас никогаш не треба да го дефинира човекот. Одев како шампион и пред да го освојам појасот “-изјави Џошуа.

Реванш мечот меѓу Џошуа и Руиз е на програмата на 7.декември во Саудиска Арабија.