Тајсон ФУРИ ја одбрани светската титула на ВБЦ во неделата вечерта со победата над Деонтеј Вајлдер. Британецот дојде до победа со нокаут во 11 -та рунда.

Долгоочекуваниот дуел привлече големо внимание кај љубителите на боксот, а беше особено интересно бидејќи тоа беше последната борба во трилогијата што започна во 2018 година.

Како таква, третата, последна и најважна, исто така, генерираше досега најголема заработка за боксерите. Според договорот пред борбата, Фјури ќе заработи 30 милиони долари и 60% од својот приход од ППВ од борбата, додека Вајлдер ќе добие 20 милиони долари и останатите 40% од неговата заработка.

Се шпекулира дека заработката од продажбата на оваа борба ќе изнесува околу 100 милиони евра, така што борците за оваа борба ќе заработат најмалку 90 и 60 милиони долари, соодветно.

Да потсетиме, за првата борба во 2018 година, Вајлдер заработи четири милиони долари, а Фјури само милион помалку. Во вториот меч заработката беше значително поголема, па и двајцата боксери заработија по 25 милиони долари.