Британскиот боксер, Тајсон Фјури призна дека има ментален проблем кој го решава со напорно тренирање.

Тој и предходно пред јавноста тврдеше дека има проблем со депресијата а сега објасни што мора да прави за да остане жив.

„Се радувам на саботите. Станувам наутро и одам на долго трчање а потоа поминувам време со моите деца. На ред доаѓа недела, денот кога сум сам, не сум депресивен туку скон сум ан самоубиство. Секоја недела истото ми се случува и ми изгледа дека ќе дојде крајот на светот, повеќе не ми се живее. Потоа вечерта почнувам да размислува за тренингот во понеделник и се е подобро. Доколку престанам да тренирам ќе умрам за помалку од една година. “ – изјави Фјури.