Славниот мексикански боксер Саул Канело Алварез ги обедини шампионските појаси во WBA, WBC и WBO и стана неприкосновен светски шампион во суперсредна категорија.

Пред рекорден број гледачи, Канело со технички нокаут го победи Британецот Били Џо Сондерс.

Борбата била прекината меѓу осмата и деветта рунда, бидејќи окото на Сондерс од оток било целосно затворено. Неговиот тим утврдил дека тој не е во состојба да ја продолжи борбата.

„Знаев дека вака ќе биде. Мислам дека му го скршив лицето и знаев дека нема да се врати.“ – самоуверено изјавил Алварез.

Овој боксерски спектал се одржа во Тексас на стадионот Далас Каубојс пред неверојатен број публика од 73.126 лица. Тоа е најголема посета со историјата на еден бокс натпревар на затворено.

Алварез и Сондерс со ваквата посетеност го срушија рекордот на Мухамед Али и Леон Спинкс, чиј натпревар во 1978 година го следеле 63.350 луѓе.