Македонскиот боксерски репрезентативец, Арсим Етеми  е поразен во Минск на Европките игри кои се воедно и Европско првенство во овој спорт.

Во категоријата 75 кгр, Арсим Етеми загуби од Макс Ван Дер Пас (Холандија) со резултат 5:0. Подоцна во текот на денот на рингот ќе излезат, Јасин Љама во категоријата 60 кг, Гоце Јанески во категоријата 69 кг.

Денеска и останатите наши спортисти кои настапија на ЕИ во Минск беа поразени,во џудо, Арбреша Реџепи со ипон загуби од Ксенија Данилович (Белорусија). Во Самбо, Далибор Богданов најнапред загуби од Александар Кокша (Белорусија) со 2:0, а потоа во репасажот загуби од првакот на Бугарија, Мартин Иванов, со резултат 9:0.