Пејџ Ванзант попушти под притисокот на своите фанови. Популарната ММА борачка која на Инстаграм ја следаш речиси три милиони луше отвори страна „PaigeFanZant.com“, во стилот на „OnlyFans“.

Таа неодамна со пораз дебитираше во БКФЦ, промоција во која бокс мечевите се без ракавици, а каде стигна од УФЦ, бидејќи не беше задоволна со заработката. БКФЦ наводно и плаќа 800 илјади долари по натпревар.

Да потсетиме, „OnlyFans“ е страна за возрасни на кои разни жени објавуваат експлицитен материјал за возразни, за кои наплатуваат, а по ист принцип ќе функционира и нејзината приватна страна.