Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа беше дел од протестите во Вотфорд кои се одржаа во борбата против расизмот.

Како и секаде во светот така и во Англија се одржуваат низа на протести по убиството минатата седмица врз Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој сред бел ден беше задавен од полицаец.

Дека тоа не го поднесува, Британецот објави фотографија на Инстаграм која е со порака во борбата против расизмот.