Дионтеј Вајлдер  ја активираше договорната клаузула за третиот меч со Тајсон Фјури, а триологијата меѓу овие двајца треба да се одржи кон крајот на оваа година. Според медиумите во Америја, одлуката на Вајлдер е прифатена од промотерите на Фјури, Френк Ворен и Боб Арум.

Првиот меч во декември 2018 година заврши без победник иако според многумина на Британецот му беше одземена чиста победа.

Во реваншот од пред 10-тина дена не им остави ништо на судиите и со брилијантен настап, го совлада Вајлдер со технички нокаут во 7-та рунда, и го нанесе првиот пораз во кариерата