Еден од најдобрите боксери во историјата, Флојд Мејведер, многу често е критикуван поради начинот на живот и на тоа што често провоцира со некои потези, кои се тесно поврзани со парите кои ги поседува.

Сепак, Американецот конечно со своето огромно богатство се реши на еден хуман гест и тоа што одлучи да го плати погребот на Џорџ Флојд кој пред неколку дена беше задавен од полицаец во Минеаполис, што предизвика лавина на реакции и протести ширум САД и светот.