Рускиот боксер Максим Дадашев им подлегна на повредите откако падна во кома и почина на 28.годишна возраст.  Дадашев почина во САД од последиците по  повредата на мозокот, добиени по поразот во пресметката минатата сабота со Порториканецот Субриел Матијас.

За Дадашев овие 24 часа беа пресудни, неговиот организам не  издржа. Русинот имаше 28 години,  веднаш по мечот беше префрлен итно во болница поради сериозните повреди, но и покрај големите  напори на лекарите тој ја загуби најважната битка во животот.