Очите на светската спортска и јавност денеска ќе бидат вперени кон Лос Анџелес, градот домаќин на долго најавуваниот камбек на две боксерски легенди, кои заедно имаат 105 години, 54-годишниот Мајк Тајсон и три години помладиот Рој Џонс Џуниор.

Двајцата ќе ги вкрстат ракавиците во ревијален меч со посебни правила.

Борбата ќе трае осум рунди од по 2 минути, без судии во рингот, а по борбата нема да биде прогласен победник.

Нокаутите се забранети,  а доколку на некој од боксерите му потече крв, мечот ќе биде прекинат.

Рој Џонс Џуниор ќе добие парична награда од пет милиони долари, додека мајк Тајсон двојно пвеќе кој, поранешниот светски првак најави дека ќе ги донира во добротворни цели.

Последната борба Тајсон ја имаше во 2005 година кога загуби во Вашингтон од Иресот КевинМекбрајд.