Боксерскиот натпревар меѓу Хрватката Ивана Хабазин (29) и Американката Клариса Шилдс (24) е откажан по голем инцидент. Имено, по мерењето за натпреварот во Мичиген брутално е нападнат тренерот на Ивана, Башир Али.

Засега непознат маж, за кој дел од медиумите пишуваат дека е братот на Класира кој неодамна излегол од затвор му пришол на Башир и го удрил.

Трнерот на Хрватската завршил на земја во локва крв. Веднаш интервенирала полицијата и екипи на итната медицинска помош, по што Али бил пренесен во болница каде е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.

По инцидентот се огласи и Светскиот боксерски совет.

„Светскиот боксерки совет е сигурен дека надлежните органи во целост ќе го применат законот по овој инцидент.“ – е наведено во кусото соопштение.