Ерол Спенсер јуниор, светскиот првак во велтер категорија, е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Далас.

Боксерот се враќал од забава во ноќен клуб, кога со неговото Ферари се превртел, а тој излетал од возилото.

Полицијата во Далас соопштила дека боксерот бил пренесен во болница во тешка состојба, а докторите очекуваат 29-годишниот спортист да преживее.

Спенсер е непоразен како професионалец во 26 борби. Минатиот месец ја одбрани титулата во борба против Шон Портер.