Промоторот на светскиот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури, Френк Ворен, вели дека тимот на Фјури е подготвен да му плати на Деонтеј Вајлдер за тој да се откаже од реванш средбата.

Ние сакаме веднаш да се насочиме на борбата против Антони Џошуа, за обединување на сите титули, но го има тој член во договорот кој му дава право на Вајлдер да бара реванш. Ние би сакале да го одложиме тој меч. Подготвени сме и да му платиме. Секако, ако не се договориме, ние ќе се подготвуваме за реваншот“. – изјави Френк Ворен

Веќе е соопштено дека Вајлдер го искористи своето право и, ако не го договорат одложувањето, ова лето ќе ја видиме и нивната трета пресметка.