Тренерот на „бронзениот“ од младинското ЕП во бокс, Насер Харуни,  истакна дека успехот на Ардијан Аземи е заслуга и награда за сите, од боксерската Федерација до стручните лица инволвирани во рингот.

„Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва“, изјави Харуни на денешната прес конференција во Скопје

 

 Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме“, додаде тренерот на Аземи.