Ентони Џошуа има желба насловот во тешка категорија да го брани во Велика Британија, но неговиот промотор Еди Херн тврди дека мечот против Пулев ќе се одржи на друга локација, доколку немаат друг избор.

Овие двајца требаше да се борат на стадионот на Тотенхем во Лондон на крајот од јуни, меч кој е одложен поради пандемијата од Коронавирусот. Иако се уште не е закажан нов термин, се шпекулира дека борбата може да се одржи во Хрватска, Кина или Блискиот Исток.

„ Засега, нашиот фокус е мечот да се одржи во Лондон. Ако тоа не е можно ќе ги разгледаме и другите опции. Хрватска искрено е добра локаци и размислуваме за тоа“-изјави Херн.