Јасин Лама е победник на 50. издание на „Златниот Гонг“ , откако во финалето со ТКО во втората рунда славеше против Романецот Норберт.

Лама на почетокот водеше тактичка борба која во последната минута клуминираше со нокдаун на Романецот Вас Норберт. Во втората Лама го намали темпото, но кон средината на истата со два директа повторно го прати на земја Норберт по што мечот беше прекинат.

Покрај Лама, лаурети на годинешниот „Златен Гонг“ беа Албан Беќири кој беше избран за најборбен боксер, најдобар тенхничар Патриот Бехрами, најдобар странски боксер Саша Миловац, најдобар македонски боксер Алим Насуфи, најдобар тренер Милан Пиперски и најдобар судија Петре Неделковски.

На турнирот учествувата 24 боксери од 8 држави.