Македонија ќе биде дел од престојниот сениорски боксерски турнир во Загреб, Хрватса со учеството на Етеми и Јовановски. Борбите се на програмата утре а финалните борби се закажани за 19 часот.

Арсим Етеми (категорија 81 кг) и Лео Јовановски (категорија 75 кг) се претставниците на Македонија на рингот во Загреб. Во нашата делегација се уште и тренерот Димитар Ташков и АИБА судијата Петре Неделковски.

Според најавата на организаторот, на турнирот ќе настапат боксери од најмалку 10 земји, покрај домаќинот Хрватска, свои претставници ќе имаат и Македониија, Русија, Украина, Франција, Италија, Полска, Казахстан.