Еден од најдобрите боксери во историјата Владимир Кличко пред три години замина во пензија, а за медиумите даде сво мислење за спектакл реванш мечот во тешка категорија меѓу Фјури и Вајлдер.

„Или Вајлдер ќе го нокаутира Фјури или Фјури ќе победи на поени. Лично, многу го почитувам Вајлдер, беше во мојот тренинг камп, направивме рунди во рингот. Тој е одличен човек и фантастичен боксер. Мислам, всушност, посакувам победа на Фјури. Верувале или не тој го може тоа“-изјави Кличко.

Тајсон Фјури е боксерот кој во 2015 година   ја прекина долгогодишната доминација на помладиот од браќата Кличко, а можноста за реванш Владимир ја исклучи.