Освојувачот на Златниот Гонг 2019, Јасин Љама денеска беше на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

На приемот во АМС беа присутни и претседателот на БФМ, Примислав Димовски и потпретседателот, Фатон Салиху.

Љама е 12. македонски боксер кој успеал да го освои Златниот Гонг, покрај боксерот на Чаир, освојувачи на еден од најстарите турнири се Примислав Димовски, Реџеп Реџеповски,Мумин Вели, Аце Русевски, Џевад Асанов, , Реџеп Јакупи, Седат Керимов, Мухамед Алија,Наси Хани, Фатлум Жута и Гоце Јанески.